Министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Сите припадници на Армијата на Република Македонија добија нови чизми.
Во касарната „Илинден“ денеска пристигна целосната пратка од 7.200 чифта чизми за припадниците на АРМ.
Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска најави дека до април очекува да пристигне и новата униформа за сите макдоски војници, односно 14.000 парчиња, по две за секого.
Во изјава за медиумите, министерката која заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – мајорот Васко Ѓурчиновски беше во посета на Полкот за специјални операции, најави околу 11 милиони евра за модернизација на специјалните сили на Армијата.
„Армијата е еден од нашите најголеми аргументи за заслуженото членство во НАТО. Во изминатите две години со трендот на зголемување на средствата за во Армијата, Владата покажа дека знае да ја цени АРМ. Чизмите и униформите беа рак рана. Со комплетирање на основните работи, сега можеме да се насочиме кон модернизација на АРМ“, рече Шееринска.





