Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Украина би можела да изгуби од една третина до половина од својата територија поради вооружениот конфликт со Русија, кој, според него, може да се развлече до 2030 година.



Според унгарскиот весник „Непсава“, шефот на унгарската влада го изразил ова мислење на средбата со активистите на својата партија ФИДЕС – Унгарски граѓански сојуз, кои се собраа на крајот од неделава во одморалиштето Кече кај езерото Балатон.

Орбан смета и дека војната ќе била локална, но Западот интервенирал и ја направил глобална, а сега Европа со воведувањето санкции кон Русија си пукала во нога.