Војната во Украина ќе го продолжи мандатот на ген-секот на НАТО за уште една година!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе го продолжи мандатот на чело на Алијансата за уште една година поради војната во Украина, јавува Ројтерс.



Сегашниот мандат на Столтенберг истекува на 1 октомври, по што тој требаше да застане на чело на Централната банка на Норвешка.

На прашањето дали ќе остане во НАТО, Столтенберг рече дека таквата одлука треба да ја донесат сојузниците.

. Столтенберг, економист по образование и поранешен лидер на Норвешката Лабуристичка партија, ја водеше норвешката влада во 2000-2001 и 2005-2013 година, а на чело на НАТО беше во 2014 година. Беше и министер за финансии и енергетика.