Хаубици, повеќецевни ракетни фрлачи и системот за противвоздушна одбрана ИРИС-Т и друга воена опрема во вредност од 2,24 милијарди евра и се испорачани на Украина од почетокот на годинава.
Германската влада одобри извоз на оружје во вредност од најмалку 8,35 милијарди евра оваа година поради војната во Украина, што го натера канцеларот Олаф Шолц да ги отфрли уставните ограничувања, пренесува Хина.
Повеќе од четвртина од оружјето и воената опрема се извезени од 1 јануари до 22 декември во Украина.
Податоците ги објави Министерството за економија на барање на пратеничката на Левица Севим Дагделен, а агенцијата ДПА добила увид во одговорот.
Владејачката коалиција на социјалдемократи, зелени и либерали вети дека ќе го намали извозот на оружје, но поради руската инвазија на Украина и помошта за Киев, се предомисли и ја отфрли уставната одредба со која се забранува извоз во областите зафатени од војна.
Воена опрема во вредност од 2,24 милијарди евра ѝ се испорачани на Украина од почетокот на годинава.
Останатите шест милијарди евра оружје претежно биле испорачани во Холандија, САД, Велика Британија и Унгарија.






