Голема грешка во постапка за проширена конфискација на имотот на компанијата Транспорт на бизнисменот Сеад Кочан предизвика војна со поднесување на кривични пријави меѓу луѓе и институции кои биле поврзани со постапката.
Засега во оптек се три различни кривични пријави меѓу други лица и против шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски, обвинителот Артан Ајро, државниот правобранител Фехми Стафа, против судијката која што пресудила за конфискација на имотот и на други инволвирани лица.
Емисијата КОД на Телма во своето најново издание објавува кој се ќе добие кривични пријави за непостапување во случајот Трансмет а кои обвинители судии и стечајни управници извршители и нотари ќе се најдат под лупа за истиот предмет.
Емисијата меѓу другото бара одговор на прашањето кој дозволил државата да не ги наплати 17, 2, милиони евра вреден имот но и како е обезвреднуван истиот?
Код објавува дека и семејството на осудениот Сеад Кочан поднело кривична пријава за продажба на конфискуван имот кој не смеел да биде конфискуван затоа што бил на лизинг.
КОД открива и со какви документи затворот во Шутка ја отфрлил грижата за притвореникот Кочан.
Целото видео на Код
Денеска истиот случај кој предизвика конфликт во кој е инволвиран правобранителот именуван од владата на СДСМ и ДУИ пишува и Фокус.
,,Правобранителот Фехми Стафа не застанува тука. Тој им поднесе и кривична пријава на обвинителите Гаврил Бубевски , Артан Ајро, но и на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, кои постапуваа по предметот на СЈО, „Труст“, пишува Фокус.
Целиот текст тука






