Русккиот претседател Владимир Путин вчера рече дека зака да ја заврши војната во Украина.
Кога ја започна инвазијата на соседна Украина во февруари, рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за „специјална воена операција“, а овој термин го користат руското Министерство за одбрана, Кремљ и руските режимски медиуми.
„Нашата цел не е да го свртиме тркалото на воениот конфликт, туку, напротив, да ставиме крај на оваа војна. Ќе се стремиме кон тоа (војната), што побрзо, толку подобро, се разбира“, рече вчера Путин, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот институт за проучување на војната (ISW), наведува дека употребата на зборот „војна“ од Путин во контекст на инвазијата предизвикала одредена конфузија во рускиот информативен простор.
Спомнувањето на Путин за „војна“ поттикна неколку руски воени блогери да кажат дека и двете фрази – војна и специјална воена операција – отсекогаш биле користени наизменично бидејќи „секој мислител знае дека она што се случува во Украина е вистинска војна“, и покрај тоа што Русија никогаш официјално не и објави војна на Украина.







