По повеќе од неколку часа судири со полицијата, демонстрантите најдоа заедничка основа за запирање на протестот на „Rruga e Kombit“ (Патот на нацијата) што ги поврзува Косово и Албанија.
Стотици граѓани од Кукс и од Косово се собраа на влезот во тунелот Каламиш на автопатот за да се спротивстават на воведувањето на патарина за користење на автопатот.Владата на Албанија вчера донесе одлука за воведување патарина од пет евра.
Гневните граѓани побараа да се тргне наплатната рампа од „Патот на Нацијата“, кој го нарекоа и патот на крадците.
Ситуацијата ескалираше во насилство, кога демонстрантите ја презедоа контролата врз кабината во која се наоѓаат апаратите за наплата.
Лутите граѓани ја запалија кабината,и ја уништуваа и опремата што беше таму, јави приштинска „Газета експрес“.
Во судирите има повредени се и демонстрантите, како и полициските службеници.
Кога протестот кај тунелот Калимаш достигна кулминација со палење на наплатниот пункт се огласи премиерот Еди Рама, кој не само што не отстапува од веќе донесената одлука, туку најави воведување патарина и на други патишта.
Набрзо,според најавите, патарина ќе се воведе на автопатот Кашар-Рогожина-Валона, а потоа и на други патни правци.
Рама исто така остро реагираше околу денешните насилства заканувајќи им се дека ќе одговараат пред законот за уништувањето на пунктот и напад на службени лица, пренесе Алсат М.
„Варварското насилство врз заедничкиот имот и врз припадниците на редот во Кукс, ќе добијат заслужен одговор со сета сила на законот, кон секого кој незаконски крена рака. Никој не е над законот“, напиша Рама на својот профил на Фејсбук.
Во меѓувреме според медумите првичниот биланс на повредени е дваесеттина лица, од нив петмина полицајци.
Порад блокадата на патот, направена е колона возила од над десет клометри.



https://video.gjirafa.com/koha?video=protestuesit-shkaterrojne-sportelin-ne-kalimash





