Мечот од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е дефинитивно прекинат и нема да продолжи. Вистинска „војна“ се случи денеска на стадионот Чаир откако во десеттата минута навивачи на Шкупи влетаа на теренот за да се пресметаат со стрелецот на водечкиот гол за Шкендија, Дашмир Елези.



Елези, по постигнатиот гол, се радувал пред навивачите на Шкупи, кои тоа го сфатија како провокација па дојде до вистински хаос.

Навивачите „Шверцери“ влегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат со гoстинските играчи, а фрлаа и тврди предмети и пиротехника, на што мораше да интервенираат и припадници на специјалната полициска единица.

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои спречија поголем инцидент и ги штитеа фудбалерите на Шкендија на патот кон соблекувалните.

Судијата Јован Качевски и делегатот одлучија дека мечот нема да продолжи, затоа што може да доведе и до нови несакани последици, можеби и човечки жртви.

Сега прекинатиот натпревар ќе се префрли во органите на ФФМ, Натпреварувачката комисија и Дисциплинската комисија на ФФМ.