,,Војна” МНР – медиуми: Османи ги обвини Мкд.мк, Коха и националните телевизии дека пренесле лажни вести за Арифи

На денот на слободата на медиумите министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека никогаш немало испратено официјално барање за амбасадорски агреман за Теута Арифи во САД, ЕУ и Турција.



Предходно повеќе медиуми како мкд.мк, Коха, Телма и други објавија дека Арифи како владин предлог била одбиена од Вашингтон, Брисел и Анкара.

Османи вели дека медиумите теба да внимаваат да не шират лажни вести и притоа ги спомена и националните медиуми кои според него создавале јавно мислење.

Меѓу медиумите кои ги пренесоа вестите за одбивањето на Арифи се Сител, Канал 5, Алсат, Телма, Алфа и многу други.

Османи ги обвини медиумите за ширење на лажни вести но не кажа зошто Макеоднија 4 години нема, на пример, амбасадор во Вашингтон.

Сите вести за одбивањето на Арифи на овој линк

https://time.mk/?q=%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%84%D0%B8&search=news&m=1&page=1

Изјавата на Османи за ширење на лажни вести по 10 минути и 25 секунди од видеото

https://fb.watch/cMNMDVvqjN/