„Воинот на коњ“ ќе стане грчки Александар Македонски

Ќе биде формирана комисија која во рок од шест месеци ќе утврди кои споменици кои се однесуваат на античка Македонија ќе се преименуваат и ќе бидат дел од хеленската историја, вели портпаролот на владата Миле Бошљаковски.во одговор на прашање кои споменици ќе бидат преименувани.



„Комисија ќе изврши контрола на спомениците во рок од шест месеци, а дел од оние кои се наоѓаат во центарот на Скопје ќе добијат нов назив, како што на пример е „Воинот на коњ“ ќе биде поставена табла на која ќе пишува „Александар Македонски“ и ќе пишува дека припаѓа на хеленската (грчката античка) историја“ вели Бошњаковски.