Премиерот Зоран Заев не знае дека веќе два месеци во Вашингтон престојува воено аташе за кој нема потпишан Указ од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Премиерот денеска за тоа слушна од новинар на ТВ Алфа.
„Прв пат слушам за оваа проблематика. Ве молам да се доинформирам од службите како тоа се случило и секако ќе постапиме сигурно согласно закон и согласно меѓународните стандарди кои важат за Македонија“, изјави Зоран Заев.
Алфа дознава дека военото аташе на служба заминал со одлука на министерката на одбрана Радмила Шеќеринска и со дипломатски пасош по налог на министерот Никола Димитров.





