Владата ќе покрене постапка за деблокирање на работата на Акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија, каде на вработените два месеци не им се исплатени плати, ниту им се платени придонесите.
Директорот на Водостопанство, Илми Селами, кадар на ДУИ, пред неколку месеци изнајмил 15 автомобили за кои ќе плаќа 415.000 евра и после 5 години истите ќе треба да ги врати. Според пресметките, ако возилата ги купел, за нив ќе плател 150.000 евра помалку.





