Воденичаров: Св. Кирил и Методиј е бугарски празник (ВИДЕО)

Должници сме на помладата генерација за тоа што не успеавме да им го пренесеме нашето чувство и благодарност кон празникот на Светите браќа Кирил и Методиј, вели бугарскиот академик Стефан Воденичаров во интервју за БГНЕС, во врска со денешната црковна прослава на Св. Кирил и Методиј во бугарија и учеството на научници и свештеници од Република Македонија на прославата.



„За луѓето од мојата генерација ова е исклучителен празник бидејќи уште со воспитувањето дома, потоа во училиште, тоа е нешто што влегло во нашата свест многу длабоко дека ова е исклучително бугарски празник, вели академикот.

Бугарската православна црква ги слави денес светите браќа Кирил и Методиј и во сите епархии на БПЦ се служи празнична Света Литургија. 11 мај е воедно и патронен празник на Националната библиотека „Св. Св. Кирил и Методиј“ и празник на библиотекарите.

Со воведувањето на Грегоријанскиот календар во 1916 година празникот се слави на еден ден – само на 24 мај. По 1969 година беа оделени црковниот од секуларниот календар, затоа денес има два празници:  црковен (11 мај) и световен (24-ти мај).

„Оваа година, прославата на Светите браќа Кирил и Методиј ќе се прослави заедно со нашите македонски колеги и македонски свештеници. Од среда веќе пристигнуваат македонски колеги од Македонската академија на науките и уметностите….  Во последните 3-4 години од оваа соработка помеѓу двете академии, имаме повеќе од четири или пет заеднички изданија, се разбира, напишани на јазиците што се користат во двете земји.

Претседателот на македонската академија академик Таки Фити и професор Митко Димитров го претставија нивниот зборник „Последиците од европската должничка криза врз економскиот развој на Бугарија и Македонија“. И, со голем интерес, Академик Антон Дончев ја презентираше книгата на академик Луан Старова со романот Балканвавилонци. Акад Старова е македонски писател и интелектуалец, заменик-претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Ова е многу интересна книга која ги разгледува балканските карактери.

Нели корените ни се исти, а нашето однесување е заедничко“ вели Воденичаров.

Денес во Софија за црковниот празник Св. Св. Кирил и Методиј доаѓа  и Архиепископот Стефан, предвидено е претставници на двете академии и црковни великодостојници да положат цвеќе на споменикот на Светите браќа пред Националната библиотека,  а во катедралата „Св. Александар Невски“ќе има света литургија.

„Потоа ќе се вратиме во БАН, каде претставниците на двете академии ќе ги разменат своите чувства, мисли и она што го правиме за да ја продолжиме светата традиција на браќата, покровители на цела Европа. Уште еднаш истакнувам – имаме заеднички корени и мора да одиме рака под рака“ вели академик Воденичаров.