Водечки светски весници бараат слобода за Асанж

Весниците Њујорк тајмс, Гардијан, Ел Паис, Ле Монд и Дер Шпигел ја повикаа американската администрација да престане кривично да го гони основачот на Викиликс Џулијан Асанж за објавувањето голем број тајни документи.



Асанж е основач на Викиликс во 2006 година и е член на неговиот советодавен одбор. Во Викиликс тој е вклучен во публикувањето на документи за незаконски убиства во Кенија, извештаи за исфрлање на токсичен отпад африканскиот брег, прирачници на црквата на Скиентологија, процедури кои се одвиваат во затворот на Гвантанамо, вклучувајќи и материјални големи банки и др.

Тој од почетокот на декември 2010 е во центарот на вниманието на светската јавност поради објавувањето на тајни документи на Викиликс кои содржат детали за инволвираноста на САД во војните во Авганистан и Ирак.

На 28 ноември 2010 година, Викиликс и медиумите кои ја поддржуваат започна да публикуваат тајни дипломатски документи на САД. Според британскиот весник “Гардијан”, ова го довело Асанж во центарот на интензини медиумски шпекулации и кампања на омраза против него во Америка“.

Против 51-годишниот Австралиец во САД е поднесена тужба заради објавување на повеќе од 700.000 доверливи документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан, за што пишуваа овие пет весници од 2010 година.

Доколку биде осуден, се соочува со затворска казна од 175 години.