Еден од водечките експерти за ЕУ во Македонија Малинка Ристеска Јорданова е насекирана за загриженоста на ЕУ и деветте нули за Македонија содржани во новиот извештај за земјава.
Ристеска-Јорданова во Топ Тема на Телма анализира дека во извештајот на Европската Комисија за Македонија има девет нули за исто толку важни прашања.
,,Кога EK ќе искористи речник „загриженост“ значи дека рабoтите не чинат”, вели д-р Малинка Ристеска – Јорданова во вечерашното гостување во Топ Тема, коментирајќи го најновиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија кон европскиот пат.
Ристеска – Јорданова, даде дел од анализата на Институтот ЕПИ, кој ќе ја објави утре. Според анализата на Институтот за европски политики чии делови ги презентира експертката Македонија стои во место во дури девет клучни области.
,,Една од овие девет „0“ е во функционирање на правосудството, каде се забележани сите настани во Судскиот совет, како разрешувањето на претседателката, но има и други работи, како неусвоена стратегија за правосудството, како и во делот на советот за јавни обвинители, за изборот на шеф на обвинителството за организиран криминал. Единствена светла точка има некаде кај Врховниот суд кој се потрудил за конзистентност на пресудите”, вели Ристеска – Јорданова за Топ Тема.
Целата емисија на овој линк





