Водечки експерт му ја ,,лупна од глава” Миликије Халими на Ковачевски (ВИДЕО)

Водечкиот експерт за јавна администрација Борче Давитковски му ја ,,лупна од глава” новата директорка на ЈП Аеродроми Миликије Халими на премиерот Димитар Ковачевски.



Универзитетскиот професор Борче Давиткоски за „Студио 10“ на ТВ24 вели дека како и претходните извештаи на ЕК така и овој е негативен по однос на напредокот на реформите во јавната администрација.

Тој во минатото за време на СДСМ беше претседател на управен одбор на Македонски Телеком.

Давитковски ја посочува Халими како пример на несоодветен кадар кој од медицинска сестра со партиска помош од СДСМ и владата станала директор на јавно претпријатие.

Според него, за ваквата состојба постојат повеќе причини, но основните се дека не постои вистинска волја за спроведување вистински реформи во оваа сфера. Кога вели волја, пред се Давитковски мисли на политичката волја од носителите на пред се на извршната власт која треба да биде носител на промените/реформите на јавната администрација која е под ингеренциите на извршната власт.

,,Поради целосната партизација на јавниот сектор, не постојат и кадри кои би можеле да бидат носителите на реформите. Вакво неработење, а земање плата никаде не постои во светот. Нашата администрација не е во функција на сервис на граѓаните туку во функцијата на оддржување на власта на коалициските партнери, критикува соговорникот, додавајќи дека нема ниту напредување, ниту назадување во овој процес”, вели Давитковски за Студио 10.

Целото интервју на овој линк

https://fb.watch/oh_tXouRtY/?mibextid=Nif5oz