Сите луѓе што коментираат на новинарски текстови на социјалните мрежи како Фејсбук се идиоти смета еден од водечките апологети на СДСМ и ДУИ Ненад Јовановиќ.
Тој порано учествуваше во Караван на слободата каде ги мотивираше да бидат слободни а сега ги прогласи за идиоти.

Според него ставот кој што граѓаните го даваат на неговите и сите други текстови на социјалните мрежи не се никаков Глас на народот (VOX POPULI) туку се сурија од идиоти.
Јовановиќ на ТВ емисија призна дека побарал помош од СДСМ во Кавадарци по што неговата сопругата од партијата била вработена во ХЕЦ Тиквеш.
,,Има една работа која опасно ме нервира, а за да објаснам, ќе речам вака: јас текстови од 800-900 зборови работам четири, некогаш пет, а некогаш и шест интензивни часа. Тоа, барем оние кои пишуваат, знаат дека е коњска работа. Не, воловска работа.
Друга работа, под текстовите мои, а и под текстовите на моите пријатели од frontline.mk, читам коментари со крволочна омраза, нападите се ад хоминем, нападите се лични, нема ништо за тезите во текстовите. Имате чиста и крволочна омраза”, пишува Јовановиќ кој се прашува дали коментарите под текстовите се луѓе или купишта од идиоти.
,,Таа толпа изгледа е фотосензитивна, да не речам дека е визуелна: гледа само слика, на сликата има лице, па почнува да плука оти, нели, “није им га мајка родила”. За таквите коментатори имам најголем презир и гадење.
А коментарите под текстовите се чисто мочуриште од луѓе кои се аболирани од одговорност.
Најдобро би било, а сега сонувам, коментаторите под текстовите да се исклучуваат или бришат. Прво, тоа е индуцирана толпа од коментатори кои со самото коментирање – празни и бесмислени идиотштини – ја уништуваат структурата од текстови на авторите.
Коментаторите под текстовите не се никаков VOX POPULI или „глас на народот”. Тоа е сурија од идиоти кои се анимира себе. Точка”, заклучува Јовановиќ без да размисли дека секој што луѓето што тој ги нарекува идиоти а кои коментираат имаат своја слична оценка за него.






