Анкета на граѓанската инцијатива Voice of Aerodrom (VOA) – Глас на Аеродром го покажува ставот на граѓаните дека двајцата градоначалници, едниот на градот Скопје Петре Шилегов и вториот на општината Аеродром Златко Марин се најнепопуларните први луѓе на скопските општини кои први треба да бидат сменети.
За само еден час на профилот на Фејсбук на ова граѓанско движење кое настана во знак на протест за изградбата на огромната зграда кај Мајчин Дом гласале стотици луѓе а најголем дел од нив сметаат дека прв од метлата на Заев треба да биде „заметен“ Златко Марин.
Анкетата ја пренесува и непартиското неполитичко движење СКОПЈЕ БАРА ЧИСТ ВОЗДУХ / Shkupi kërkon ajër të pastër!
Втор на листата најнепопуларни градоначалници е Петре Шилегов а зад него се градоначалниците на Гази Баба, Бутел и Сарај.

Целата листа на која може да се гледа редоследот на тие што треба да се „замететат“ и на која може да гласате
https://m.facebook.com/questions.php?question_id=836352763394891





