Координаторот за антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју, во интервју за албанската редеакција на „Гласот на Америка“ рече дека не може да се споделат повеќе детали зошто градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа, пренесе Фактор.



Во одлуката се вели дека Рамиз Мерко како градоначалник злопотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Забрана за добивање виза се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

„Одлуката е донесена затоа што државниот секретар имал веродостојни информации кои сугерираат дека г-дин Мерко бил вмешан во голема корупција. И така според законите, кога секретарот ќе дојде до тој заклучок, нечија определба е правно обврзувачка, како што се случи денес“, вели Нефју.

На прашање на „Гласот на Америка“ дали може да споделиврз основа на кои конкретни докази е донесена оваа одлука, Нефју со одговор:

„Да, информациите што беа објавени како дел од соопштението укажуваат дека се работи за злоупотреба на средства и мешање во судските постапки. И знаете, со оглед на природата на одлуките и нивната правна основа, тоа се информациите што можеме да ги објавиме во јавноста за овој случај“.