Вчера во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс повеќе од 2 часа на тема „Попис“
се водеше тешка дебата со директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски.
Симовски во еден момент соочен со сериозни аргументи признава дека има сериозни проблеми со четири категории податоци меѓу кои е и етничкиот состав на населението.
Милош Милошоски, еден од водителите на емисијата доблесно признава дека Симовски покажал храброст да дебатира сам наспроти тројца, ја прифатил поканата и издржал машки.
,,Најважниот момент од вчерашната емисија е фактот дека и самиот Симовски потврди дека податоците се нецелосни, а со тоа и неточни за процентуалната застапеност во 4 категории, етникум, религија, мајчин јазик и јазик кој најчесто се користи во домаќаниствата.
Зошто? Бидејќи за овие 4 белези Државниот завод за статистика нема информација за повеќе од 132 илјади граѓани дел од резидентното население.
Импликациите од ова признание на Симовски се дека ниту еден политички или етнички субјект во Македонија не може да се фали со бројките на етникумите на пописот и благодарание на тоа да бара дополнителни права, бидејќи истите се далеку од прецизни”, пишува Милошоски кој му се заблагодарува на Симовски за гостувањето и искреноста со македонската јавност притоа заклучувајќи дека во Македонија нема ниту 58 проценти Македонци, ниту 24 проценти Албанци.
Делот од видеото каде што Симовски признава дека резултатите за етницитетот и други три категории не се во ред е на овој линк:
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1316039812252815&id=100015404261981
Целата емисија на овој линк






