Во земјите од Шенген, како и до сега, такса од 7 евра – од ноември

Дури во ноември годинава планирано е стапување во сила на таканаречениот ETIAS систем за што ќе мора да плаќа дополнителна такса зза влез во земјите од Шенген.



Засега, се останува „како до сега“.

Од ноември, граѓаните кои сакаат да патуваат во земјите од Шенген зоната ќе мора претходно да пополнат апликации кои за нашите граѓани ќе чинат по 7 евра.

Со Etias системот ЕУ сака да ја зајакне безбедноста на своите држави од не ЕУ граѓаните, кои во нив доаѓаат туристички или деловно.

Вкупно 23 од 28-те земји-членки на ЕУ се дел од Шенген зоната. Од петте членки на ЕУ кои не се дел од Шенген зоната, три, односно Бугарија, Кипар и Романија, законски се обврзани да се придружат, додека останатите две – Ирска и Обединетото Кралство не учествуваат во договорот.

Исланд, Лихтеншајн, Норвешка и Швајцарија, не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген-зоната. 

Монако, Ватикан и Сан Марино се де факто дел од Шенген зоната. Шенген-зоната има население повеќе од 400 милиони луѓе.

Фактор