Има повеќе причини зошто професорот Љубомир Фрчкоски не треба да замине за амбасадор во САД, земја со високо ниво на човеково права и слободи но една од нив е тоа што кога бил министер за внатрешни работи истите ги кршел со својот потпис, смета екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
“Човек кој е лустриран за потпишување наредби за следење на политичките неистомисленици (набројувам неколкумина Македонци и Албанци) и со тоа ги нарушувал нивните човекови права и слободи, не е за амбасадор во Вашингтон”, изјави Милошоски во емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ.
Фрчкоски е владин предлог за амбасадор во САД и ако добие агреман од таму ќе треба да ги брани своите дипломатски тези пред комисијата за надворешни работи на Собранието која ја предводи Милошоски.
Човек кој е лустриран за потпишување наредби за следење на политичките неистомисленици (набројувам неколкумина Македонци и Албанци) и со тоа ги нарушувал нивните човекови права и слободи, не е за амбасадор во Вашингтон❗ pic.twitter.com/mmgp4J0iki
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) February 12, 2021
Линк до целото видео
https://www.facebook.com/AlfaTelevizijaMk/videos/1394243270919790/






