„Ова беше интензивна дискусија, охрабрувачка и двете страни се многу посветени за да се постигне решение. Процесот ќе продолжи во наредните седмици. Ви благодарам“, изјави денеска во Виена медијаторот во грчко-македонскиот спор.
Нимиц имаше три часовната средба со министрите за надворешни на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров.
Димитров и Коѕијас не дадоа изјави, а неофицијално се дознава дека ќе имаат заедничка работна вечера.





