Во Украина загинале двајца Американци

Двајца Американци за кои се смета дека се бореле за Украина загинале во источниот дел на земјата, објави ABC news.



„Можеме да ја потврдиме неодамнешната смрт на двајца американски државјани во регионот Донбас во Украина“, рече портпаролот на Стејт департментот.

„Ние сме во контакт со семејствата и обезбедуваме секаква можна конзуларна помош“.