Во Украина избегнуваат мобилизација со маски на старци (ВИДЕО)

На пазарите во Украина почнаа да се продаваат „маски за старци“, кои, според продавачите, можат да ги заштитат военоспособните мажи од врачување повици за мобилизација на јавни места.



Исто така, овој производ може да се најде во огласи на платформите за онлајн шопинг по цена од околу 400 евра, а во описот на производот стои дека станува збор за рачно изработена „професионална маска“, пренесува украинскиот портал Strana.ua.

Во објавените видео клипови може да се види дека изгледот на маската е доста реален. Има и поевтини огласи каде маска со грешка се продава за околу 20 евра.

Како изгледа маска на старец што, наводно, штити од мобилизација во видеото на линкот:

https://t.me/RVvoenkor/59789?single