Албанскиот премиер Еди Рама кој е обвинет дека соработувал со функционер на ФБИ кој бил плаќам од руски олигарх во контраобвинување во албанскиот парламент тврди дека Русија финансира партии во Албанија и Македонија.
Во извештајот на ЦИА кој го цитира Рама се заклучува дека Русија ја финансирала Демократската партија на Албанија, како и други политички партии во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, за да ги дестабилизира тие земји.
Албанскиот премиер Еди Рама ова го кажал за време на дебатите во парламентот оваа недела, пренесе Албанската телеграфска агенција.
„ЦИА конкретно забележа во својот извештај дека Демократската партија, заедно со една политичка партија во Македонија, една во Црна Гора и една во Босна и Херцеговина, добиле руско финансирање со цел дестабилизација“, рече Рама за време на парламентарнита дебата, побарана од опозицијата во Албанија за таканаречената „Афера Мекгонигaл“.

Чарлс Мекгонигал е поранешен висок контраразузнавач на ФБИ обвинет во САД дека скрил од ФБИ клучни детали од неговото патување во Албанија во 2017 година со поранешен албански разузнавач кој наводно му дал најмалку 225.000 долари. Мекгонигал, кој беше началник на контраразузнавањето за регионот, исто така е обвинет дека работел за руски олигарх додека тој требало да го истражува, објави предходно Асошиејтед прес.






