Партиите од албанскиот блок бараат тимовите што ќе го спроведуваат поисот наредната година, да бидат мултиетнички, а партиите да бидат вклучени во првата фаза од изготвување на предлог законот ,
,,Станува збор за комплексен процес кој треба да биде кредибилен и доверлив работните тела , експертите кои ќе се регистрираат треба да бидат мултиетнички бидејќи се работи за осетлив процес кој пред неколку години не услеа велат за Канал 5 од Алијанса за Албанците а ,,со сличен став се и од партијата БЕСА
Според директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, нема потреба да се создава недоверба меѓу населението, а за вклучување на повеќе луѓе потребни се поголем број на ресурси
Според Симовски попишувањето на минатиот попис каде имаше мултиетнички тимови не донесе резулатати.





