Во тетовско има околу 300 дивоградби но ДУИ бара да се урне само крстот на Попова Шапка кој стана тема иако е изграден на приватен имот.
Крстот, висок околу 15 метра е поставен на зимскиот рекреативен центар Попова Шапка на имот на манастирот Свети Наум Охридски-Чудотворец а бил изграден со средства на МПЦ.
Според општина Тетово која реагира на барање на советничката група на ДУИ за крстот нема градежна дозвола .
,,Општинските инспектори излегоа на самото место за да ја утврдат фактичката состојба и за проценка на ситуацијата, по што ќе бидат преземени законски мерки со што ќе се гарантира спроведување на прописите и процедурите. Општина Тетово и во овој случај ќе ги почитува сите законски процедури”, вели Бесарта Рамадани, порпаролка на Општина Тетово за ТВ21.
ТВ21 воопшто не прашува ниту Рамадани не одговара кои се другите случаи за кои се почитува законската процедура.
Според анализите на повеќе државни институции на територијата на Тетово има околу 300 дивоградби изградени во времето на локална власт на ДУИ но оваа партија досега не реагирала ниту барала општината да реагира и да ги урива објектите.
За објектите изградени на диво од други граѓани и нивни функционери и членови и симпатизери ДУИ молчи но за крстот партијата сака да го свика општинскиот совет.
,,Ние советниците од ДУИ денеска до општина Тетово доставивме барање, адресирано до претседателот на Советот на општината, каде ќе се расправа за точка од дневниот ред, односно за појаснување за поставувањето на крстот на Попова Шапка. Бараме на седницата да присуствува и првиот човек на општината за да ни даде образложение како тој крст е поставен таму и како оние кои го поставиле крстот ја скршиле бариерата на инспекторатот”, изјави вчера Лиридон Диша , општински советник на ДУИ.
И Алијанса за Албанците молчи за другите дивоградби но го осудува поставувањето на крстот и Бара да одговара првиот човек на Општината Биљал Касами.
,,Поставувањето крстови на такви места не потсетува на времето на режимот на Груевски и неговата кампања за поттикнување меѓуверска и меѓуетничка омраза. Ставањето пред вили во кои 80% од сопствениците се Албанци е провокација која не може да се толерира. На Попова Шапка има и црква во манастирскиот комплекс и џамија, а секој друг предмет или верски симбол е непотребен и може да послужи само како меѓурелигиска и меѓуетничка провокација”, велат од Алијанса за Албанците.
Општината и Националниот парк најавуваат судска постапка и по судската одлука ќе се постапи исто како и за дивоградбите на Попова Шапка.
Ако ја почитуваат постапката како за другите диви објекти крстот нема да биде урнат затоа што досега речиси и да нема урната дивоградба иако некои се на државно земјиште.
Во општина Чаир во Скопје каде има криминал вреден стотина милиони евра а каде со години владее ДУИ оваа партија не е ревносна во спроведување на законите.
Зошто Абази и Јовески молчат за ,,колежот на законите” во Чаир?





