Во Тетово за една вечер од Ковид-19 починале 7 граѓани

Во општина Тетово во овој момент има 1335 активни случаи на заболени од ковид – 19. Во Клиничкиот центар во Тетово се наоѓаат севкупно 116 хоспитализирани пациенти со кислородна поддршка, од кои шестмина имале примено прва доза на вакцина, а други шестмина добиле и втора доза на вакцина. Во последните 24 часа 7 лица починале. Сто пациенти се наоѓаат во дневните амбуланти со лесни симптоми и ја примаат потребната терапија.“ – соопшти градоначалничката на Тетово Теута Арифи доцна попладнево на својот фејсбук – профил по одржаната седница на Кризниот антиковид штаб на општина Тетово.

Арифи напиша: „ Се наоѓаме во исклучително тешка ситуација и затоа дејствувањето на секој од нас е многу важно, заради надминување на епидемиолошката ситуација со ковид 19, во која се наоѓаме. Апелирам до сите, посебно до возрасните лица, до оние со придружни болести, до младите: да се вакцинираме најбргу колку што можеме, бидејќи само тоа е начинот да ги спасиме нашиот живот, животите на родителите, дедовците, на пријателите и на блиските, кои ги имаме околу нас!“

„Центарот за ревакцинација во салата на Средното медицинско училиште ќе функционира до недела, 5.9.2021 година. Од 6.9.2021 овој Центар ќе се префрли во Центарот за култура во Тетово. Во текот на оваа недела ќе биде отворен пункт за вакцинација кај Жичницата на „Елемтурс“. Тој ќе служи како центар за вакцинација главно на жителите од шарпланинските села. Од оваа сабота ќе биде отворен и пункт за вакцинација во селото Порој. Во новиот пункт за вакцинација во Домот на армијата на Република македоникја вакцинирани се повеќе од 1500 граѓани. Што се однесува до почетокот на школската година со физичко присуство во основните училишта, ќе бидат политувани целосно мерките и протоколите за заштита, за да не се дозволи влошување на епидемиолошката ситуација во земјата. Сите наставници и технички персонал в училиштата, кои се уште не се вакцинирале, да го сторат тоа најбргу без исклучоци.“ – изнесе градоначалничката на Тетово попладнево на својот фб – профил.