Со бела боја е премачкани фреска нацртана на ѕидот во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ пред 54 години.
Фреската е премачкана со малтер и боја поради реконструкција на училниците во гимназијата јавува интернет порталот Тетовоинфо
„Жалосно е кога се уништува уметничко дело, уште пожалосно што тоа се случило во една образовна институција која треба да ги воспитува учениците како да ја препознаат и почитуваат уметноста. Фреската е правена во периодот јануари- февруари 1966 година. Тогаш ја подготвував мојата дипломска работа на Академијата за применета уметност во Белград, па го замолив тогашниот директор на гимназијата Методија Пачаџиев, дали можам бесплатно да направам една фреска. Директорот беше одушевен од таа идеја. Ѕидот беше подготвен за цртање на фреската од страна на тогашните мајстори молери предводени од мајстор Вангел. Фреската беше изработена во модернистичко-кубистички стил а јас и дадов име ‘Образование‘ што одговара на установата каде е поставена. Иако бевме договорени делото да го направам бесплатно, наставничкиот совет на гимназијата донел одлука да ме наградат за делото и тогаш ми дадоа 50.000 динари, што беше во висина на мои тогашни речиси пет месечни стипендии“, вели авторот Кузмановски за тетовоинфомк.мк.
Музманивски тврди Тој дека локалната власт во Тетово вака се однесува и со други негови дела.
„Еден мој голем пејзаж со сончогледи, кој со години стоеше кај скалите во зградата на Општина Тетово исто така е отстранет. Разбрав дека негде е зафрлен во некоја несоодветна просторија. Исто така во Општината имав и пет други слики од Тетово за кои сѐ уште не знам дали се таму“, вели Кузмановски.
За премачкување на уметничкото дело дозвола е добиена од инспектори.
„Ја премачкавме затоа што целата слика беше оштетена од водата која течеше од олуците. На едно место падна и дел од ѕидот. Така било со години. Немаше никаква можност за реконструкција. Тоа уметничко не беше од национален карактер за државата. Јас за ова се консултирав со инспекторите од Тетово. Тие дојдоа, ја видоа состојбата и ми кажаа дека тоа не е од национално значење“, изјави Теута Лала, директорка на гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово.
Повеќе детали на овој линк






