Не е точна информацијата дека починала деветнаесетгодишна девојка од Ковид-19 која денеска цел ден се споделува низ медиумите.



Координаторот на ковид-центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини за Фокус објаснува дека направил ненамерна грешка со матичниот број на пациентката и во изјава за медиум кажал дека е родена 2002 година, а пациентката всушност имала 59 или 60 години.

во последните 24 часа во тетовската болница починале седум пациенти од Ковид – 19 на возраст од 45 до 73 години и според Нуредини сите имале хронични болести.