Во тек се тешки преговори меѓу СДСМ и ДУИ, владата не почнала да расправа за смени во МНАВ

Во зградата на владата на Илинденска каде денеска требаше да почне владина седница за смени на раководството на Македонски Навигација во тек се тешки преговори меѓу СДСМ и ДУИ.



Тоа е причината зошто владата се уште не почнала да расправа за смени во МНАВ.

Извори во ДУИ велат дека на неформалните преговори кои се водат преку кабинетите на премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби се бара решение за кризата која настана откако СДСМ најави смена на директорите а ДУИ објави дека се противи на смени на своите кадри во институцијата каде насилници од ДУИ влегоа да тепаат контролори на летање.

Предходно покрај премиерот Ковачевски смена на раководството на МНАВ најавија и Министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

ДУИ со своите 5 министри во владата не може да го спречи СДСМ да се смени раководството на МНАВ.

Плати 30 пати поголеми од минималните – зошто ДУИ не ги дава директорите во МНАВ каде што влегоа тепачи на Ахмети