За директорката на дерматологија која беше меѓу првите заболени од коронавирусот и за која се вели дека е потврдено дека заразила 6-мина колеги, с’е уште се собираат докази.



Од Обвинителството за Канал 5 потврдуваат дека се собираат материјални докази- медициниска документација од болниците каде се лекуваат луѓето кои се заразиле, а за висказ од заболените ќе се почека тие да оздрават, доколку е потребно за изјава ќе се повикаат и нивните лекари, објаснуваат од обвинителството.

Истражителите собирале докази и од местото каде бил одржан семинарот на кој говорела докторката, поради што 200 лица биле во карантин а се прави мрежа од сите лица со кои таа стапила во контакт.