Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 325 милиони, соопшти Светската здравствена организација.



Смртните случаи предизвикани од вирусот сега се над 5,53 милиони.

За само еден ден, бројот на потврдени случаи се зголеми за 2.669.054, а на смртни случаи од Ковд-19 за 6.916.

Најголем број случаи на коронавирус е забележан во САД (64.720.612), Индија (37.380.253), Бразил (22.975.723), Обединетото Кралство (15.217.284) и Франција (13.819.182).