Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во светот вчера достигна 150.000, пренесува Ројтерс.
Првиот смртен случај беше регистриран во Вухан, Кина, на 9 јануари.
По 83 дена, бројката на починаи достигна 50.000, а во следните осум дена се искачи на 100.000.
По уште осум дена бројката достигна 150.000 .
Во многу земји, официјалните податоци вклучуваат само смртни случаи пријавени во болници, а не во домови или старечки домови, потсетува Ројтерс.
Во САД има најголем број потврдени случаи на коронавирус – над 680.000 позитивни.
Шпанија е на второто место со околу 188.000 случаи, по што следи Италија.






