Во судир со демонстрантите во Тетово повредени 4 полицајци

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информираше дека четворица полициски службеници се полесно повредени во денешната „блиска средба“ на полицијата со демонстранти кои се обиделе насилно да влезат во седиштето на ДУИ во Мала Речица.



Од слобода се лишени две лица, 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево.

СВР Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци, пренесуваат медиуми.

Демонстрантите се судрија со полицијата во обид да стигнат до седиштето на ДУИ во Мала Речица за време на протестниот марш поради жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Откако под силно полициско обезбедување им беше забранет пристапот, дел од граѓаните се обиделе преку приватни имоти да стигнат до партиската зграда, при што настанал инциндетот.

Предходно, на маршот низ Тетово, дел од учесниците на протестот фрлаа јајца кон општинската зграда во Тетово.