Музичарите и уметниците во среда ќе излезат на протест откао со новите владини анти-ковид мерки се забрануваат настапи во угостителските објекти.



На протестот закажан за 14 часот тие ќе го изразат својот револт бидејќи со оваа мерка директно се врши удар врз нивната егзистенција, дознава ТВ24.

Иницијативата започна на социјалните мрежи, а ја потврди и  Владимир Блажев Панчо, според кој време е и тие да излезат на улица да го покажат својот револт.

„Верувам дека ќе трае, ќе има многу бендови, ќе свириме без пари, ќе бучиме со појаки децибели, колку е нормално кога се свири, па нека не апсат, ова повеќе не се издржува,“ вели тој.