Во Србија во сабота ќе се прегласува на 32 избирачки места

Изборен молк почна на полноќ во Србија, во пресрет на повторени избори на повеќе од 30 избирачки места, и ќе трае до затворањето на тие избирачки места во сабота, 30 декември, во 20 часот.



Право на глас на повторените парламентарни избори имаат 15.566 граѓани, јавува МИА.

Истиот ден ќе се повтори гласањето на три избирачки места во Белград, на локалните избори за градското собрание.

Во Белград на едно избирачко место во градската општина Вождовац и на две избирачки места во општина Нов Белград ќе гласаат 4.629 граѓани.

Повторното гласање, како и на 17 декември, ќе трае од 7 до 20 часот.