„Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите“ информира министерот Бујар Османи според кој Владата го прифатила предлогот на МНР, и тој бил проследен до претседателот Пендаровски.
Османи, рече дека не може да коментира за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување од страна на претседателот е добиено и веќе е пратено во бугарското МНР, наведе Османи.
Дел од македонските медиуми во почетокот на неделава го споменаа името на Агнеса Руси за амбасадор во Софија, која е дипломатка од кариера а во моментов е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година.







