Во Софија се бара бугарски народ а не малцинство во Македонија, проблем е и македонскиот јазик

Опозициската бугарска националистичка партијата „Преродба“ која учествуваше на смената на спикерот на бугарското собрание и ќе гласа за пад на водата на Петков соопшти дека не ги прифаќа условите од францускиот предлог за Македонија.



Со предлогот кој е испратен до бугарскиот парламент, и со кој се предвидува почеток на преговори за ЕУ ​​со Скопје, се загарантирани бугарски барања преку преговарачката рамка.

„Предлогот на Франција е апсолутно недозволив затоа што зборува за малцинства, зборува и за два различни народи и граѓани на други народи кои живеат во рамките на Северна Македонија, а со кој документ во пракса се предвидува Бугарија да се согласи за постоење посебен македонски јазик – нешто тоа е апсолутна измислица“, смета оваа партија која е една од клучните за преживување на владата на Петков.

Во знак на несогласување, „Преродба“ во вторник во 17 часот ќе организира протест пред Народното собрание. За тој ден се планирани расправите за гласањето недоверба на кабинетот на Кирил Петков.

Во бугарското Собрание со 240 пратеници „Преродба“ има 13 пратеници. Откако „Има таков народ“ ја напушти владината коалиција, мнозинството во Парламентт има 109 пратеници („Продолжуваме со промените“, „Демократска Бугарија„ и БСП), а за мнозинство им се потребни 121.

Пратениците на ГЕРБ, „Преродба“, ДПС и ИТН му изгласаа недоверба на претседателот на Собранието Никола Минчев со 125 гласа.

Партијата на Слави Трифонов ИТН, која првично во Собранието имаше 19 пратеници, ја напушти и шестиот пратеник од нејзините рредови, откако Кирил Симеонов од собраниската говорница во бугарскиот парламент објави дека излегува од неговата досегашната партија.

Со тоа на Петков му фалат уште 6 пратеници да преживее и да го прифати францускиот предлог.

Повеќе медиуми веќе го објавија францускиот предлог, кој е пакет од неколку документи, од кои два се најсуштествени – предлог-преговарачката рамка и предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за состанокот идната недела.

Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“ што е неприфатливо за дел од бугарските партии.

Францускиот предлог предвидува на 23 јуни годинава Советот за општи работи на ЕУ да ја усвои Преговарачката рамка за Македонија и за истиот ден да закаже измислена таканаречена политичка меѓувладина конференција на која нема да се отвараат поглавја.

Советот на истиот состанок ќе донесе и одлука дека вистинската меѓувладина конференција за отворање на пристапните преговори ќе се одржи веднаш штом Македонија ја заврши процедурата за промена на Уставот заради внесување на Бугарите во преамбулата.