Бугарија и Македонија ќе подготват календар за заеднички прослави на петте заеднички историски личности, објави заменик министерот за надворешни работи, Костадин Којабашев.



Нашите дипломати ја поздравуваат работата на мешовитата комисија која работи на спорните историски моменти.

Којабашев очекува да се заврши работата на сите периоди од нашата заедничка историја.

Според бугарското МНР, довербата во Македонија почна да се враќа и ги гледа првите охрабрувачки чекори за подобрување на односите меѓу двете земји.

Од МНР известуваат дека тоа нема да биде лесно. Сепак, се преземаат обврски, бидејќи двете страни имаат интерес за добрососедски односи.

„Мора да им дадеме време на нашите пријатели од Република Северна Македонија да одлучат дали сакаат да влезат во Европската унија или не“, вели Жељазко Радуков, главен експерт во МНР.