Во собранието денска предпладне стигна барање за итна седница за пасоши и лични документи.
Барањето за итна седница на која треба да се предложат измени на два закони со кои ќе се овозможи блокадата на граѓаните го поднесува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера техничкиот министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски рече дека има решение за кризата со лични документи но дека без СДСМ и ДУИ не може да се надмине проблемот.
,,Барање на ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за пасошите и возачките, за да се поправи понижувањето што безрбетниците Пендаровски, Спасовски, Бујар, Артан, Заев, Ковачевски, Зечевиќ и Маричиќ им го приредија на државјаните на Македонија”, објави шефот на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски кој вели дека со сервилноста кон трети држави власта ги затвори македонските граѓани во “државен притвор” од г.п. Табановце до г.п. Богородица.
,,Ветуваа интеграција, а го донесоа народот во состојба на буквална изолација. Полошо не било”, пишува Милошоски во име на
пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ.
Засега нема информации дали спикерот на собранието Јован Митровски ќе го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ.






