Во Слупчане се гради грандиозна кула во чест на УЧК

Во селото Слупчане во општина Липково кумановски регион привршуваат работите на изградбата на спомен-кулата во знак на сеќавање на загинатите членови на ОНА или УЧК кои загинале во конфликтот во 2001 година.



Градоначалникот на Липково и редовите на ДУИ, Еркан Арифи преку објава на социјалните мрежи најави дека оваа кула ќе биде готова на 2 мај и ќе биде свечено пуштена во употреба истиот ден.

„Она што мачениците го дадоа за нашата слобода, денеска подигаме Спомен-кула за да го одбележиме нивниот херојски подвиг за живот. Спомен-кулата за 2 мај ќе биде подготвена за инаугурација. СЛАВА НА МАЧЕНИЦИТЕ НА НАРОДОТ“, напиша Арифи на Фејсбук.

Според објавените фотографии кулата е висока околу 50 метри а на нејзиниот врв е поставен двоглав орел.

Арифи е градоначалник на една од најсиромашните општини со најголем број иселување на млади луѓе и со најголем број на диви депонии во државата.

Партијата ДУИ од каде што доаѓа Арифи пред повеќе од 20 месеци се прогласи за ,,Зелена” партија но засега партијата и градоначалниците немаат грандиозни проекти кои се поврзани со заштита на животната средина