Во Словенија брак само ако е „итно и неопходно“


Сè додека не се смири епидемијата, во Словенија е забрането стапување во брак освен во „итни и неопходни“ случаи, а министер во владата на Јанез Јанша ја наведе бременоста на невестата како оправдана причина за итна венчавка.

Во исклучителни случаи, паровите можат да стапат во брак за време на пандемијата со примена на епидемиолошки мерки и присуство на матичар и најмногу две други лица, но со дозвола на надлежниот министер.

На барање на Митја Залар, адвокат и поранешен министер за правда во една од поранешните „либерални“ влади, да разјасни во кои случаи ќе биде дозволена „неопходна“ венчавка, на Твитер одговори министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс.

„Итна венчавка е онаа што е одобрена со цел конзервативна баба за кој месец да не треба да се убедува дека детето е предвремено родено“, објасни Хојс.

Секогаш сериозниот политичар, член на партијата на премиерот Јанша, со својот одговор насмеа некои луѓе за време на пандемијата, а некои и налути, пишува Дневник.,хр.

Незадоволници велат дека одговорот на министерот е целосно несоодветен, дека со ваквите работи не треба да се шегува или да се потценуваат правните и други дилеми по укинувањето на венчавките и свадбите.



Според податоците на Државниот завод за статистика во Словенија, речиси половина од децата родени во една година се родени како вонбрачни.

Невенчаните парови со дете формално се поврзуваат со граѓанскка или со црковна церемонија во повеќето случаи подоцна, понекогаш кога веќе имаат повеќе деца.