Родители на ученици од четврто одделение во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров се загрижени бидејќи нивните деца вежбаат текстуални математички задачи од материјали напишани на – бугарски јазик, дознава Плусинфо.
Родители се жалат дека наставниците праќаат материјали на бугарски јазик на апликацијата Вибер, со образложение дека овие документи ќе им помогнат на децата да се подготват за натпревар по математика.
А како изгледаат текстуалните задачи кои децата не ги разбираат еве и пример:
„Дадени са числата 7, 9, 10, 11 и 13. Изберете четири от тях и ги поставете вместо квадратчетата така, че да се получи вярно равенство. Кое число остава неизползвано?“,
Вакви задачи треба да ги решаваат деца на 9-годишна возраст…






