Непосредно по “Христовото Воскресение” за време на полициски час од страна на непознати лица бил предизвикан инцидент на регионален пат во Скопско.
“На 19.04.2020 година околу 00,50 часот добиена е пријава дека на стариот пат од Петровец кон Катланово од страна на засега непознат сторител на двете коловозни ленти имало оставено повеќе бали сено и истите биле запалени.Од страна на БППЗ пожарот е локализиран”, се вели во билтенот на МВР за ден Велигден 2020.





