Во скопски Бутел запланета над еден тон марихуана

Од Бирото за јавна безбедност синоќа известија дека била спроведена акција за спречување трговија со наркотички средства.



“Во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1.240 кг) наркотична дрога марихуана спакувана во полиетиленски вакумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи, информира директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Тој информираше дека во акцијата е уапсено едно лице.