И трет коњ угина во скопската Зоолошка градина откако во саботата беше соопштено дека угинаа два.
Станува збор за коњи кои се ретки и скапи, по потекло се од Монголија, а во Скопје се донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, дознава СДК.
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека вчера околу 14 часот е пријавено дека угинал уште еден коњ во градината.
В. д. директорот на скопската Зоолошка градина Зоран Попов не кажува што се случило и како е можно трите коња да укинат за два дена.
