Во Скопје започна вакцинација на првата НАТО армија со руски вакцини

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска објави дека започнала вакцинацијата на припадниците на АРМ.



Таа не прецизира за која армија зборува но според амблемите и контекстот јасно е дека се работи за македонската армија.

Офицерите и војниците на АРМ се вакцинираат со руската вакцина Спутник В добиена од Србија.

Предходно владата одбиваше да побара вакцини од Русија и Кина поради определбата за НАТО и ЕУ.

АРМ е единствената армија од НАТО алијансата која се вакцинира со руски вакцини.