Од изутрина во реонот на Влае – Тавталиџе е загубено лицето Блаже Поповски кој боледува од деменција.
Поповски е на возраст од 78 години а е облечен во сиви пижами и маица на која пишува Касиус Клеј.
Последен пат е забележан во близина на Веро во Тафталиџе.
Се молат сите граѓани кои ќе го забележат да се јават во полиција или на телефонот 071238101.
Поповски не е агресивен но со него тешко се комуницира.





